ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски и Касами на координација по отсуството на Реџепи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерот на БЕСА, Билал Касами, влегоа во Собранието за да ја расчистат ситуацијата со отсуството на пратеникот Кастриот Реџепи, поради чие отсуство не е почната седницата по иницијативата за гласање недоверба на Владата на Заев.
Реџепи, којшто е пратеник на Беса, преку својот фејсбук профил порача дека денеска нема да се појави во сообранието бидејќи државата минувала низ чувствителен период.