МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Истражните органи ги испитуваат злоупотребите во Национални шуми

Откако вчера на Владина седница преку ребалансот на буџетот беа издвоени средства за исплата на платите на вработените во „Национални Шуми“, премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарско прашање рече дека вработените таму четири месеци не добиле плати, но со ребалансот, повеќе од 350 милиони денари ќе се влеат во претпријатието. Мицкоски исто така истакна дека поранешното раководство воспоставило шема во која вработени во шуми или не ја вршеле својата функција или воопшто не доаѓале на работа и на тој начин се злоупотребувало претпријатието, но најави дека истрагата е веќе во тек и во оваа есен очекува сериозни докази, со цел да се утврди одговорност кај оние кои направиле прекршувања на законот.

Advertisements

„Таму злоупотребите се јасни и мислам дека веќе има истрага за работењето на претходното раководство во компанијата. Во моментот основната дејност на македонски шуми, сега национални шуми по ново, е да се занимава со одржување на шумите. Ако ви кажам дека има само 30 секачи тогаш сум ви кажал се. Инаку има таму луѓе отприлика повеќе од 300 кои би требало да бидат секачи, но тие не се секачи туку се административни работници, дел од нив нормално не се ни појавувале на работните места. Отприлика така постапувала коалицијата СДСМ-ДУИ, но мислам дека истражните органи веќе се во компанијата, веќе ги истражуваат овие злоупотреби и набргу од денеска ќе имаме одговорност, нели најавивме веќе од есен, почнувајќи од септември, очекувам голем дел од сомневањата кои ги имавме во минатото да бидат поткрепени со цврсти докази. Знам дека очекувањата на граѓаните се големи и веднаш сакаат одговорност за сето она лошо што беше направено во изминатите седум години, но ние не сакаме спектакли, не сакаме фолклор од сево ова. Сакаме да се обезбедиме со докази, докази коишто ќе бидат цврсти, да не се остави простор за двојно толкување, за тој којшто направил злодела, ги ограбувал граѓаните ги понижил, да одговара за тоа што го направил“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button