ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Кандидатите на ВМРО се професионалци

Имаме тим од професионалци кои ќе дадат се од себе да ги одбранат гласот и волјата на народот, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на промоцијата на кандидатите за министри и заменици-министри во техничката Влада, која ќе ги организира претстојните избори. Мицкоски кажа дека во претстојниот период партијата ќе се фокусира на консолидација на антивладиниот глас, а нивните министри ќе покажат дека не се сите исти.

Advertisements

„Тоа го очекувам од овие пет луѓе, а од граѓаните на Македонија коишто не се задоволни од политиките на оваа влада очекувам да не бидат жртви на реториката на јастребите кои што се опозиција на опозицијата, да го консолидираме гласот околу коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и да освоиме 61 пратеник, а на тој начин ќе се отвори портата не за реформи, туку за трансформација на Македонија“, рече Мицкоски.

Зборувајќи за кандидатот за министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, Мицкоски истакна дека ќе биде завршено времето на холивудски сценарија и спектакли со упаѓање по домови, кои, како што додаде, членовите на оваа партија го искусиле.

„Министерството за внатрешни работи во наредниот период ќе даде максимум за да обезбеди вистинска борба против организираниот криминал и особено високата корупција во Република Македонија“, рече Тошковски.

Кандидатот за позицијата во труд и социјална политика Ѓоко Велковски се осврна на најновите пакети помош за категории граѓани и кажа дека во иднина ВМРО-ДПМНЕ ќе креира системски решенија.

„Овие луѓе треба да бидат растерени од секаков притисок од страна на претставници на сегашната Влада“, рече Велковски.

Дополнителниот заменик министер за администрација Стефан Андоновски повика власта веднаш да ги повлече сите новораспишани огласи за три илјади позиции, бидејќи во спротивно ќе има одговорност.

„Луѓето коишто не се подведоа под власта на ДУИ се шиканирани, уназадувани. Дел од нив преместувани на работни места 20-30 километри од нивниот место на живеење, за во исто време нивните места вештачки да бидат пополнети со кадри коишто не ги исполнуваат условите, коишто го менуваат својот етникум по трипати на ден за да аплицираат на конкурсите“, рече Андоновски.

ВМРО-ДПМНЕ во техничката Влада ќе учествува и со дополнителен заменик министер за финансии, Елена Петрова, како и со дополнителен заменик во земјоделие – Цветан Трипуновски.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button