Мицкоски кажа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи продолжување на кризната состојба

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ќе биде конструктивна и ќе поддржи продолжување на рокот на кризната состојба во државата, рече во одговор на новинарско прашање лидерот на партијата, Христијан Мицкоски.
„Мислам дека тоа ќе заврши денеска. Во интерес на нудење на решенија и да не се занимаваме со водење политиканство кога имаме сериозна криза којашто полека, но сигурно ја води државата во банкрот, мислам дека треба, првпат во овие 30 години независност, една политичка партија од опозиција да понуди решенија и да го остави, можеби краткотрајно, својот политички интерес, туку да го гледа националниот и државниот интерес. Тоа го направи ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.
По завршувањето на расправата во матичната собраниска Комисија, пратениците на пленарна седница ќе треба да гласаат за продолжување за уште половина година на кризната состојба во енергетиката, што е во сила со одлука на Владата од 1 септември.