ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски кажа за што е подготвен да разговара со Бугарија

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во вечерашното гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат кажа дека тој е подготвен со бугарската страна да разговара за можностите како двете држави да одат неколку векови понапред, отколку да се обидуваат да најдат решение за нешто што се случувало векови во минатото.

Нема да најдеме ние решение за нешто што се случило пред два-три века. Кое ќе биде прифатливо за вас и за мене. Јас сум подготвен да разговарам да најдеме решение што ќе нѐ одведе два-три века напред. Да зборуваме за изградба на коридори, железница, за автопатишта, економска соработка, туризам…веднаш сум подготвен за тоа да зборуваме. Како да одиме два-три века напред“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button