ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе го добие мандатот ден пред истекот на рокот

На ден пред истекот на крајниот рок се очекува претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова да му го додели мандатот за формирање на нова влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека владата ќе биде формирана согласно уставните рокови, а од коалицијата „Вреди“, со која ВМРО-ДПМНЕ преговара, очекуваат за три до четири дена да има конечен договор.

Рокот за доставување на мандатот завршува в петок, на 7 јуни, откога почнуваат да течат дваесетте дена за формирање на владата.

– Можно е и порано да се додели мандатот. Се зависи од ситуацијата. Уставот вели 10 дена и потоа 20 дена за да се состави владата. Јас ќе ги проучам термините, изјави вчера претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button