Мицкоски ќе го разрешел Идризи ако уште еднаш одбие да се обрати на македонски јазик

Премиерот Христијан Мицкоски рече дека разговарал со директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците Арсим Идризи, кој неодамна во изјава за медиумите одби да одговори на новинарски прашања на македонски јазик, инсистирајќи дека согласно Законот за употреба на јазиците треба да има преведувач.
Во одговор на новинарски прашања по денешната посета на реконструираното Одделение за управни работи во Скопје, Мицкоски изјави дека разговарал со Идризи во врска со настанот и изрази очекување дека нема да се повтори. Во спротивно, како што рече, ќе биде разрешен.
„Видете, ако конкретно мислите на оној момент кога директорот во рамки на парламентот не се обраќаше на македонски јазик. Јас разговарав и не очекувам тоа да се повтори, а ако се повтори ќе биде разрешен“, рече Мицкоски.