ВЕСТИ

Мицкоски: Ќе има промени на какви јавноста не е навикната

„Скршен сум и мојот дух е срозен“, со овие зборови премиерот Христијан Мицкоски го започна своето обраќање по трагедијата во Кочани во која според досегашните информации животот го загувија 59 лица, претежно деца.

Advertisements

Во обраќањето Мицкоски нагласи дека одговорност за случајот ќе има и најави решителни чекори.

„Ќе има решителни чекори и одлуки, ќе има чекори на кои јавноста не е навикната. Но промените почнуваат од нас самите“, рече премиерот Христијан МИцкоски во своето денешно обраќање кон јавноста.

„Јас сум одлучен и ќе постапувам одлучно. Не сакам да се политизира овој настан, дека некој се обидува да набеди друга партија за одговорност. Ова не е меѓупартиска битка, ова е битка на чесните против нечестните“, рече Мицкоски.

„Во следните денови ќе преземеме низа на мерки кои ќе значат многу, во борбата за оваа земја и во име на сите жртви на оваа трагедија и на нивните семејства“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button