ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски ќе коалицира со албанска партија која ќе има Бадентер
Мицкоски ќе коалицира со албанска партија која ќе има Бадентер

ВМРО-ДПМНЕ не се откажува од барањето за брзи парламентарни избори, но се помирил со фактот дека граѓаните во моментов имаат други приоритети како справување со енергетската и економската криза. Првиот човек на оваа партија Христијан Мицкоски во емисијата „360 степени“ вели дека кога ќе биде во позиција да формира влада, ќе го избере коалициониот партнер со кој програмата ќе биде компатибилна. Ги кажува условите.
Мицкоски во овој момент не ја отфрла можноста за формирање на проширена коалиција меѓу сите парламентарни партии, но не како идејата на пратеникот Павле Трајанов./Alsat.mk
Фатлуме Дервиши