ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски ќе прифати предвремени парламентарни избори само доколку опозицијата победи на локалните избори

Мицкоски ќе прифати предвремени парламентарни избори само доколку опозицијата победи на локалните избори

Предвремени парламентарни избори, како што бара ДУИ, може да се одржат само доколку опозицијата победи на локалните избори, вели премиерот Христијан Мицкоски. Доколку тоа не се случи, според Мицкоски, опозицијата мора да се реформира.

Advertisements

Од ДУИ велат дека актуелната власт која без сомнение за толку краток временски период забележа највисоко ниво на скандали, неспособност, криминал и корупција. За ова бараат предвремени избори.

„Блокирањето на евроинтегративниот процес и нападот на Охридскиот мировен договор, кој предизвика нови тензии во меѓуетничките односи, создадоа непредвидлива и опасна ситуација за внатрешната стабилност. ДУИ смета дека единствен излез за спас на европската иднина на државата е оваа власт преку нови предвремени избори да го отвори патот за враќање на мандатот на граѓаните. Граѓаните заслужуваат одговорна, способна и посветена влада…“, велат од ДУИ.

Подготвеност за предвремени избори изрази и СДСМ, убедени дека секој нареден циклус ќе биде поорганизиран. ВЛЕН се изјасни против./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button