Мицкоски: Ќе следува реакција, некои производи се поскапени до 25 насто

Премиерот Мицкоски најавува реакција од Владата по бранот поскапувања на одредени артикли во супермаркетите. Како што рече тој, кај дел од производите се забележува зголемување на цените и до 25 насто. Мицкоски, без да прецизира кои мерки би можеле да бидат применети, рече дека реакција ќе има уште од денеска.
„Тоа што тие мислеа дека ќе нѐ надмудрат и си играат со трпението на граѓаните и на Владата, мислам дека не е добро и мислам дека треба да си го преиспитаат однесувањето. Ова не е коректно однесување пред празници. На одредени продукти до 25% се зголемени цените. Тоа е неетичко и нечовечно однесување. Уште од денеска ќе има реакција од страна на институциите, а ако продолжат вака, таа реакција ќе биде уште поробусна во периодот што следува“, рече Мицкоски.