ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Колоните кон Србија ја покажуваат неспособноста на власта

Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа покажува и колку народот им верува на властите кои најавија вакцини за утре, реагира преку својот фејсбук профил лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и додава:
Државата постои за да им служи на граѓаните, само кај нас државата постои за да биде крадена од власта.
Македонија живее полоши години од деведесеттите, стигнавме до таа точка народот сам да се снаоѓа и бори за живот, кога веќе тоа не го прави Владата. Порака до власта: погледнете го својот народ, погледнете ги колоните возила, тоа е вашиот срам. Ова нема да се заборави, одговорност ќе има, пишува Мицкоски.

Денес колоните возила за соседна Србија најдобро ја покажуваат бедата и неспособноста на владата и Зоран Заев. Тоа…

Posted by Hristijan Mickoski on Saturday, March 27, 2021

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button