ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски контра предлогот на Ахмети за ветинг

Премиерот Христијан Мицкоски ги оквалификува како сатирични изјавите на првиот човек на ДУИ, Али Ахмети за „ветингот“ на политичарите од независноста.. Мицкоски иронично рече дека имал погрешен впечаток дека Али Ахмети е ппокретивен лидер, додавајќи дека реториката на ДУИ згаснува и дека полека се навикнуваат на опозицијата.

Advertisements

Но, првиот човек на ДУИ рече дека не се шегува. Ахмети додаде дека предлог-законот за ветинг е во фиоките на Собранието и дека мора да се спроведе со учество на Брисел и Вашингтон.

„Да пробаме како ќе испадне хуморот. Јас сум повикуавал и пред години. Законот за ветинг е во фиоките на Собрание, предложен пред 4 години и нека ги отворат фиоките. Не дозволувајте документите да пожолтат во фиоките… Јас овде не снимам холивудски филмови и не сум холивудски сценарист“, рече Ахмети.

Шефот на ДУИ, Али Ахмети го актуелиизраше барањето за ветинг во рамки на критиките и а што Европскиот фронт ги упати за стоте дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ. Од друга страна, премиерот Мицкоски рече дека безбедносните органи се подготвени да ги заштитат институциите од секаква закана што доаѓа како резултат на евентуални протести.

Линда Ебиби

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button