МАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Ковачевски се крие под фустанот на ДУИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска го повика премиерот Димитар Ковачевски да „не се крие како кукавица под фустанот на ДУИ“, туку да се охрабри и да излезе на избори.
„Чудна смисла за хумор има Ковачевски, морам да признам. Но, има само еден начин тоа да го покаже и докаже, наместо како кукавица да биде под фустанот на коалициониот партнер ДУИ, нека излезе на избори и ќе видиме кој кого ќе победи и какви ќе бидат резултатите. Сè додека е како кукавица и коленичи под фустаните на поголемиот коалиционен партнер во Владата, за жал, ќе остане само на кукавички заканувања, а во суштина делата ќе изостанат“, порача Мицкоски од општина Аеродром одговарајќи на новинарско прашање.