ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонското прашање не е затворено, сѐ додека не се исполнат неколку цели

Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека не се исполнат главните и стратешки цели, рече премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање во врска со реакцијата на официјална Атина по неговата изјава од САД, кога на средбата со дијаспората рече дека „сѐ уште трае борбата за македонското прашање“.

Како што кажа Мицкоски стратешките цели се:

„Прво, полноправно членство во ЕУ, второ, знаете дека судот за човекови права има донесено плејада пресуди за човековите права на Македонската заедница во  нашиот источен сосед, коишто не се почитуваат. Зборуваме за 21. век, за земја членка на ЕУ, којашто не ги почитува човековите права на Македонската заедница. Тоа е нешто што претставува сериозен проблем. Гледате дека во 21. век сѐ уште е предизвикан и македонскиот идентитет. Би било неодговорно, издајнички од мене, ако јас кажам дека македонското прашање е затворено. Не е затворено и ќе се борам за македонското прашање сѐ додека ја вршам оваа улога, претседател на македонската влада“, рече Мицкоски.

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button