Мицкоски: Мора да се почитуваат одлуките на Уставниот суд
Мицкоски: Мора да се почитуваат одлуките на Уставниот суд

Мора да се почитуваат одлуките на Уставниот суд, вели премиерот Христијан Мицкоски прашан за евентуалната одлука за Законот за употреба на јазиците. Тој не коментира каква одлука може да се очекува.
Првиот човек на СДСМ вели дека станува збор за делумни разгледувања на законот а не на законот во целост. Ниту тој не коментира повеќе.
Претседателот на Беса, Билал Касами, вели дека тоа е последица на половичните политики на ДУИ, но ветува дека за време на владеењето на ВЛЕН нема да има враќање назад во унапредените права на Албанците.
„Ова се последици од лошото владеење на ДУИ во минатото, кога нудеше половични решенија и повеќе правеше политика отколку што носеше одлуки во интерес на Албанците. Гарантираме дека ќе ја унапредиме состојбата со употребата на албанскиот јазик но и со правата на Албанците и нема да има влошување. Се разбира, и во Уставниот суд, и во другите институции на правдата, се уште има остатоци од минатото владеење кои ќе се обидат, служејќи и на опозицијата, во случајов на ДУИ, да создаваат тензични ситуации“, рече Билал Касами, претседател на Движењето Беса.
Последните денови реагираа и други партии. Според Европскиот фронт, доколку судот ја прифати иницијативата, тоа ќе значи враќање на времето пред Охридскиот договор./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши