ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски му даде рок на Заев до понеделник да поднесе оставка до Собранието

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски потврди дека има парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Новото мнозинство може да се очекува после понеделник, до го тој му даде рок на премиерот Зоран Заев да поднесе оставка до Собранието. Мицкоски тврди дека има парламентарно мнозинство со кое ќе има политичка влада.

Доколку не се формира политичка влада, Мицкоски бара предвремени парламентарни избори.

На прашањето дали би прифатил техничка влада со ДУИ во неа, Мицкоски одговори дека една од целите е да се исфрли ДУИ од власт.

Во наредните денови ќе продолжат консултациите со партнерите потпишани на листата на новото парламентарно мнозинство. Мицкоски рече дека од понеделник очекува во мнозинството да се приклучат и други субјекти, но не сакаше да обелодени повеќе детали. Мицкоски уште во кампањата за локалните избори најави формирање на ново парламентарно мнозинство. По оставката на Заев, Мицкоски на средба со претставници на партиите на Албанците во Собранието и партијата Левица собра потписи за ново мнозинство. Лидерот на Левица Димитар Апсиев денеска најави дека го поддржуваат мнозинството, но нема да станат дел од Владата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button