ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На заминувањето од функцијата Заев би можело да потпише нов договор со Бугарија

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, изрази загриженост дека премиерот во заминување, Зоран Заев, би можело во последните денови од неговиот мандат да потпише нов договор со Бугарија, со кој, како што рече Мицкоски, делумно или целосно ќе ја прифати Резолуцијата изгласана во бугарскиот парламент во 2019 година.

Advertisements

„Тоа претставува комплетно асимилирање на македонскиот народ и директен удар врз идентитетот на македонскиот народ. Бидејќи е во заминување загрижен сум дека може да го направи овој потег на самото заминување, а последиците понатаму сите ние да ги плаќаме“, рече Мицкоски.

Инаку, во своето вчерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, Мицкоски рече дека во таков случај ВМРО-ДПМНЕ нема да го почитува договорот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button