ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави инвестиции од 6 милијарди евра од Велика Британија

Мицкоски најави инвестиции од 6 милијарди евра од Велика Британија

Премиерот, Христијан Мицкоски, најави инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството

Advertisements

Тој најави дека во текот на следните денови ќе бидат објавени сите детали.

„За нас е историски овој настан како држава затоа што, само што ја завршивме средбата со премиерот на Обединетото Кралство. Македонската јавност ќе биде сведок на договор за стратешко партнерство, договор кој што ќе овозможи инвестициски циклус во вредност од 5 милијарди фунти, 6 милијарда евра, во делот на инфраструктурата, железницата, здравството и така натаму.
Деновите кои што следат ќе бидат објавени сите детали“, рече Мицкоски.

Премиерот денеска најави дека е постигната согласност за договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Тој појасни дека ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button