ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави нов ветерен парк за производство на струја, прва странска директна инвестиција по изборот на новата влада

Мицкоски најави нов ветерен парк за производство на струја, прва странска директна инвестиција по изборот на новата влада

Нов ветерен парк за производство на струја ќе биде првата голема инвестиција на новата влада, а најави денеска мандатарот Христијан Мицкоски.Ќе произведува една петтина од струјата која и е потребна на земјава. Без да открие кој ќе го гради и колку ќе чини, Мицкоски најави дека новата ветерниот парк ќе биде директна странска инвестиција во Македонија .

„Очекуваме први странски директни инвестиции во земјата со новата влада со фокус на секторот енергетика, со инсталирање на нова ветерна фарма што ќе биде во источниот дел од земјата помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, три општини на истокот. Ќе биде голема инвестиција колку што сум информиран и со податоците со кои располагам во моментов се предвидува производство на електрична енергија од приближно еден терават-час, што е еден милион мегават часови, што е приближно 20 проценти од целокупното производство на електрична енергија во земјава. И ова би било прва директна странска инвестиција која ќе ја објави новата влада во Македонија“, рече Христијан Мицкоски, Мандатар.

Мицкоски најави и промена на режимот на греење на 600 јавни објекти кои се уште користат фосилно гориво, што директно ќе влијае на намалување на загадувањето, а најголем дел од овие објекти се училишта. Тој рече дека нема да има двојни стандарди, а новата влада сериозно ќе ги санкционира криминалите извршени во енергетскиот сектор во минатото.

Според амбасадорката на САД во земјава,Агелер, енергетската сигурност и зелената енергија се двата приоритета кои ќе треба да ги надминат партиските политики во земјава. Според неа, земјава треба да го заврши грчко-македонскиот гасовод кој ќе ги елиминира, како што рече, зависноста од Русија и заканите од одредени прекини во снабдувањето со гас

„Сигурната енергетска иднина бара понатамошни иновации и напредок во бројни проекти, вклучувајќи го и завршувањето на грчко-македонскиот гасовод. Овој извор на природен гас прво ќе ја елиминира зависноста од Русија, како и заканите од некои прекини во снабдувањето со гас. Со интерконекторот или гасоводот, Северна Македонија може да изгради и термоцентрали, кои се хранат со гас и ќе можат да ја олеснат транзицијата на земјата од јаглен кон други извори“, нагласи Ангела Агелер, Амбасадор на САД во Скопје.

Македонскиот енергетски форум е клучен настан во енергетската индустрија на кој учествуваат водечки иноватори и експерти. Овогодинешното седмо издание го стави фокусот на воспоставување на енергетска безбедност и сигурност во регионот, како и намалување на употребата на фосилни горива, како што е мазутот./Алсат.мк

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button