ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, а ние имаме цел економски да ја развиеме

Премиерот Христијан Мицкоски упати честитка до граѓаните по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, порачувајќи дека народниот дух на пркост и непокор кој беше демонстриран на тој 11 Октомври трае и ден денес, тој е движечка сила за промени и подобро утро. Тоа е мислата која не влече напред, дека секогаш може и мора подобро – Ако нашите дедовци имаа за цел да ја ослободат државата, нашата цел е да ја развиеме Македонија.

Advertisements

-Оваа година одбележуваме 83 години од пркоста и желбата за слободна Македонија. Македонците на тој 11 Октомври 1941 година се впишаа на мапата на слободарските народи, кои заедно со Сојузниците од Втората светска војна го поразија Нацизмот и Фашизмот. Иако се соочуваме со предизвици, ние зачекоривме во ера на економска трансформација и назад од тоа нема. Цврсто се обврзавме пред граѓаните дека посветено, чесно, одговорно ќе работиме за повторно да ја вратиме државата во рацете на граѓаните и работиме на тоа преку конкретни реформи, проекти и промени кои се клучни за рестарт на институциите и на системот, се вели во честитката од Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button