ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Мицкоски не го добил писмото од Азески за измени во законот за нефер трговски практики

Премиерот Христијан Мицкоски се уште не го добил писмото од првиот човек на најголемата стопанска комора во државата Бранко Азески, а со кое се бараат измени и бришење на членови од законот за нефер трговски практики. Мицкоски рече дека е согласен оти во тој дел треба да се интервенира, но детално за тоа ќе може да зборува кога ќе ги добие писмото.

Advertisements

„Јас немам добиено такво писмо, но претпоставувам ако мислите на оние појави кои се случуваат кај трговските ланци коишто продаваат производи без разлика од какво производство дали се од македонско или увозно па за привилегирана местоположба на рафтовите наплаќаат одредена цена и тоа претставува нефер трговска пракса, се сложувам со вас и таа нефер трговска пракса треба да престане. Не можеме ние едни производи да ги ставаме на крај, а други коишто ќе платат повеќе да ги ставиме во центарот па на тој начин тие да бидат во привилегирана положба на тој начин да се поткрева и самата цена на самиот производ за којшто вие сега говорите. Но, такво писмо немам добиено, со големо внимание откако ќе го добијам ќе го прочитам и потоа би можел повеќе да зборувам за содржината на истото“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button