ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски не го менува ставот за уставните измени

Премиерот Мицкоски го бетонираше својот став за уставните измени. Тој вели дека нема да има иницијатива за уставни измени со одложена примена, пред формирањето на Владата во Бугарија. Според Мицкоски, ваквиот потег би бил наивен и би го загрозил евроинтегративниот процес на земјава.

Advertisements

Но, пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, рече дека е јасна пораката на Фон Дер Лајен при нејзината последна посета на Скопје, што треба земјата да направи за членство во ЕУ. Петровска, подвлекува дека Македонија има можност да го забрза патот кон ЕУ, но власта гледа само личен интерес.

Уставните измени се услов за натамошното патување на Македонија кон ЕУ.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button