МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не очекува тешка зима, Владата требаше уште во мај да обезбеди енергенси

Многу тешка есен и катастрофална зима не очекува, со информациите со кои што јас располагам. Завршува јули почнува август, за еден месец од денеска започнува учебната година, а за два и пол месеци од денеска почнува грејната сезона. Немаат обезбедено мазут, немаат обезбедено гас, се редат договорите во четири очи за ископ во РЕК Битола, но не за вистински ископ туку за трупање во џебови на приватни лица и партиски каси, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Advertisements

-И ако така продолжат, а не очекувам развој на настаните затоа што се знае кога треба се да е обезбедено, односно треба да е обезбедено во мај, а не сега да се обезбедува во 5 до 12. Очекувам да имаме исклучително сложена зима со многу скапи енергенси, со многу голем удар по џебот на народот и не ги исклучувам рестрикциите кои што мислам дека ако вака продолжат да се однесуваат ќе бидат неминовност, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button