ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не сме разговарале со ВРЕДИ за правата на ветераните од ОНА

Помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВРЕДИ немало разговори за најавите од албанскиот коалициски партнер во власта дека ќе бараат поранешните припадници на ОНА да имаат свои права, како што преку законско решение се бара и за македонските бранители. Во одговор на новинарско прашање на таа тема, премиерот Мицкоски денеска рече:

Advertisements

„Не, не сме разговарале на таа тема, многу пати сме го соопштиле нашиот став: бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка“, рече Мицкоски.

На новинарската забелешка дека претседателката на надлежната собраниска Комисија Илире Даути не го става на расправа законот за бранители, Мицкоски најпрвин рече дека прашањето треба да се постави до неа, но додаде дека таа законот би требало да го стави на седница.

„Би требало да го стави“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button