Мицкоски: Нема основа за зголемување на платите во образованието
Мицкоски: Нема основа за зголемување на платите во образованието

Зголемувањето на платите е неопходно, но повисоки плати ќе има кога ќе има основа за тоа. Ова го изјави првиот човек на Владата Христијан Мицкоски, коментирајќи ги најавите за протести на Самостојниот синдикат за образование и наука. Мицкоски рече дека ќе седне на разговори со претставниците на синдикалните организации.
Но, шефот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека Мицкоски бара изговор да не се зголемуваат платите.
По изјавата на министерката за образование и наука дека годинава нема да има зголемување на платите, туку во март следната година, Самостојниот синдикат за образование и наука најави протести на почетокот на учебната година. Синдикатот сака да се почитуваат колективните договори како и законот за минимална плата./Алсат.мк
Ајнур Бафќари