ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Никој не и гарантира на државата дека Софија нема да има други барања по уставните измени

Мицкоски: Никој не и гарантира на државата дека Софија нема да има други барања по уставните измени

Заострените односи на Скопје со двете соседни земји добија внимание во активностите околу Самитот на НАТО во Вашингтон. Премиерот Христијан Мицкоски во својот говор на Универзитетот Џон Хопкинс во Балтимор во врска со евроинтеграциите рече дека никој од ЕУ не и гарантира на земјава дека Бугарија нема да има други барања по уставните измени. Мицкоски и владините министри се во Вашингтон на Самитот на НАТО каде престојува и бугарскиот технички премиер Димитар Главчев. Во моментов нема најава за можна средба меѓу нив.

Advertisements

Се уште не се знае какви се шансите за средба на Мицкоски со неговиот грчки колега Киријакос Мицотакис, кој исто така е на самитот во Вашингтон. Тој предупреди дека ќе се жали до земјите членки за непочитување на Договорот од Преспа. Грчките власти ги минимизираа шансите, иако Мицкоски беше подготвен за средба.

„Секако дека ќе се постави и прашањето за кршење на основните одредби од Договорот од Преспа од страна на соседната земја. Не знам за планирана средба со премиерот на Северна Македонија. Не знам дали тоа ќе се случи, но секако нема никаков план од грчка страна“, рече Панос Амирас, Канцеларија за медиуми на грчкиот премиер.

Ова е прва дипломатска активност на владата на Мицкоски, која на Самитот ја изрази континуираната поддршка на земјата за Украина./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button