ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Новата 2022 ќе биде година на конечната победа

Годинава што заминува беше година на големи предизвици, но и на големи промени. Промени кои ги донесовте Вие. Новата 2022 ќе биде година во која промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности, им порачува на граѓаните лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во новогодишното обраќање.

Advertisements

-Годината што заминува ни остави различни емоции. Ковид пандемијата, енергетската криза, економското уназадување, трагедиите во Тетово и Бугарија и неспособната и неодговорна власт предизвикаа тага и болка, голем револт, разочарување, неизвесност… Но и конечно освестување и одважување дека работите мора да ги промениме ние, самите. Заради нас, заради нашите семејства. Промените кои носат нова, подобра и поубава иднина се наша голема обврска. Работата е темелот на нашиот успех. Проектите кои ги реализираме чекор по чекор ќе донесат развој, стабилност и успеси, вели Мицкоски во обраќањето.

За новата 2022 година посочува дека ќе биде година во која,како што кажува, промените и проектите ќе ја донесат конечната победа, триумф на вистинските вредности.

-Да продолжиме заеднички и да ја завршиме работата. Да донесеме реформи, нормалност и сигурност. Да ги зачуваме и унапредиме здравјето и животот, тоа се најголемите подароци за секој човек. Да обезбедиме европска иднина, подобар стандард, повисоки плати. Повеќе радост, светлина и среќа во секој еден дом, посочува Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button