ВЕСТИЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Мицкоски нуди помош за излез од кризната ситуација, но не пред владиниот Економски совет

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска соопшти дека не гледа потреба да се состане со Економскиот совет во Владата затоа што, како што рече, тој совет е составен  од истите луѓе кои ги решаваа проблемите со Ковид-19 и ништо не решија.

Мицкоски во „Студио 10“ на ТВ 24 нагласи дека е подготвен да им помогне на граѓаните и на државата во справувањето со енергетската криза.

-…ова не е натпревар на пи-ар стратегија, ова не е натпревар чија суета е поголема. Јас уште на 29 септември побарав прием кај премиерот Димитар Ковачевски, денеска сме 3 октомври, 5 дена потоа, од Димитар Ковачевски се уште не добив одговор, ме кани Битиќи на тело коешто досега  ништо успешно не решило, зошто ова би го решило тоа успешно, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ укажа дека е подготвен да го презентира концептот кој, како што рече, нуди помош за излез од оваа кризна ситуација со која се соочува државата.

-Јас сум подготвен да им го презентирам концептот којшто ќе значи сето она кое што го зборувам изминатиов период. Ако се спореди со цените на берзата тоа што го нудам е под 200 евра за мегават часови концептот за компаниите, да нема зголемување на цената за затоплување на граѓаните којшто го користат и институциите централното затоплување, истовремено да има 100 милиони заштита споредбено со тоа што тие се подготвени да го потрошат за да обезбедат електирична енергија и затоплување, исто така нудам измени во Законот за енергетика, додаде Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button