ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски очекува социјален бунт и немири

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува социјален бунт и немири поради незадоволство на граѓаните од последиците на економската и енергетската криза. Во интервју за порталот „Вечер“, Мицкоски истакна дека е подготвен да предводи протести кои би довеле до пад на Владата.

Advertisements

„Но, за жал ценам дека во овој момент бројките се на ниво кое не гарантира масовност, а доколку немате масовност тоа може да биде злоупотребено од оваа криминална Влада и да каже гледате нема масовност на протестите значи добро тераме и да продолжат уште полошо да прават“, вели Мицкоски.

Мицкоски повтори дека очекува во јануари на Владата да и биде изгласана недоверба и да се одржат предвремени избори напролет. Одговорајќи на прашање, тој кажа дека 2030-та година е остварлива за членство во Унијата, но дека треба јасно да се знае што се добива на патеката која води дотаму.

„Се потпишуваа договори со национални предавства за да бидат заштитени неколку политички кариери. Мојата порака е повторно јасна, а тоа е дека на секоја политичка кариера која што започнала и дошол крајот, порано или подоцна и од нив самите зависи дали тој крај ќе биде безбеден или ќе биде пеколен“, додава Мицкоски.

Реагираа од СДСМ. Оттаму велат дека Мицкоски продолжува да ја лаже и плаши јавноста со некакви национални порази и распродавање државни интереси иако минатата година неговите лаги биле демантирани.

„Исплашен за сопствената фотелја во Белиот дворец, Мицкоски по кој знае кој пат ја отвора приказната за ново парламентарно мнозинство и предвремени парламентарни избори. Дека Мицкоски се уште е во заложништво на Апасиев покажува и неговиот речник и заканите со некаков „пеколен крај“, велат од СДСМ.

Социјалдемократите повторија дека парламентарните избори ќе се одржат во 2024-тата година.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button