ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам дискусијата во собраниската Уставна комисија да заврши денеска

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска изјави дека не очекува дискусијата за уставните измени во собраниската Комисија за уставни прашања да трае десетина дена, туку очекува и има „чувство“ дека денеска ќе заврши.

Advertisements

– Четириесет и четири пратеници на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата се јасни и прецизни во својот став. Вчера имавме координација, без ниту еден збор никој да каже, јасно беше дека зборуваме сите на глас, а тоа е дека уставни измени под бугарски дикатат нема да има, порача Мицкоски.

Прашан дали постои можност за „манипулација“ на пленарната седница, не во однос на пратениците, туку во однос на техниката, претседателот на ВМРО – ДПМНЕ одговори дека и за тоа имаат стратегија, иако очекуваат, како што рече, веднаш ако имаат 80 пратеници, да ја ставаат точката на дневен ред.

– Ги повикувам веднаш, да заврши Уставната комисија, уште утре да закажат собраниска седница и да видиме дали имаат 80 пратеници или не. Ако не закажат тогаш е јасно дека немаат, ако немаат јас не гледам друга политика која оваа Влада би ја оправдала во нејзиното постоење и треба час поскоро да го распуштиме Парламентот и да одиме на парламентарни избори, изјави Мицкоски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button