ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Очекувам секаков инженеринг во ЕП, не би ме изненадило ништо во услови кога немаме гаранции

Очекувам секаков инженеринг во Европскиот парламент (ЕП) и, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од  максимата не ги слушај што зборат, гледај ги  што прават, рече премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање на заедничката прес – конференција со еврокомесарката Марта Кос.

Advertisements

-Што се однесува до верзијата од Извештајот која што е сега пред европратениците, можам да кажам дека очекувам секаков инженеринг. Не би ме изненадило ништо. Јас сум малку повнимателен кога станува збор за идентитетот, секогаш. Да тоа, е така дека ние го носиме со нас, длабоко во нас. Но, морам да признам дека овие повеќе од три децении ние изгубивме голем дел од нашиот идентитет менувајќи знаме, менувајќи име, неколку пати менувајќи Устав. И во услови кога немаме гаранција дека ова ќе биде последна идентитетска отстапка која ние треба да ја направиме, јас би бил многу, многу повнимателен, бидејќи се водам од  максимата не ги слушај што зборат, гледај ги  што правата. А тоа што го направија и се уште прават дел од пратениците во ЕП од нашиот источен сосед, нема никаква врска со европските вредности, потенцира Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button