ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН
Мицкоски од Приштина: Разговараме за меѓусебна соработка, етнички прашања отвораат безидејни политичари

Тука сме да разговараме за економија, транспорт и енергетика, а етнички прашања отвораат политичари коишто немаат идеи за решавање на реалните проблеми, рече премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи новинарско прашања за време на заедничката прес конференција со косовскиот премиер, Албин Курти.
„Етнички теми отвораат политичари коишто немаат идеи што решаваат реални проблеми, за реалните потреби на граѓаните. Не знаат како да привлечат внимание и преку политички егзибиционизам се одлучуваат да анимираат публика. Ние сме тука да разговараме за енергетски прашања, за транспортни прашања, за економски прашања, за подобра меѓусебна соработка и тн.“, рече Мицкоски.