ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Одлуката на Уставниот суд за Законот за јазици, мора да се почитува

Помеѓу законитост и ризите од дестабилизација како резултат на оценката на уставноста на Законот за употреба на јазиците, премиерот Христијан Мицкоски вели дека тој е за ред и закон. Според него, не треба да се врши притисок врз Уставниот суд кој по десетици месеци ги активираше иницијативите за оцена на уставноста. Мицкоски вели дека ова се правилата на игра!

Advertisements

Премиерот не верува дека е потребна лидерска средба за тензичната политичка ситуација.. Од кабинетот на Гордана Силјановска не посочија дали шефот на државата цени дека треба да се одржи состанок на Советот за безбедност, или средба со политичките актери во земјава.

„Заканувајќи се како во времето на крстоносните војни и користејќи фолклористички јазик, мислат дека картата на национализмот ќе ги спаси. Доцна е, предоцна за вакви махинации, рожба на комплекси. ДУИ и Левица ги обединува едно: СТРАВ – Левица се плаши од автохтони јазици, додека ДУИ од Правда“, рече Таравари.

Иницијативата за оценување на уставноста на Законот за употреба на јазиците предизвика политички реакции и судири меѓу власта и опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН ги обвинуваат ДУИ и СДСМ дека кога го донеле законот не ги земале предвид правните последици и неможноста за спроведување, додека Европскиот фронт ја обвинува владината коалиција за обид за укинување на Законот за употреба на јазиците кој ја води државата кон политичка и уставна дестабилизација.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button