Мицкоски: Оспорени се две одредби во Законот за јазици

Политичарите и одредени политички структури, во недостиг на понуда, се обидуваат да ја дефокусираат јавноста за етничките прашања, изјави премиерот Христијан Мицкоски во интервју за Алсат, посочувајќи да се даде приоритет на дебатата за економските прашања. За Законот за јазиците кој се оспорува во Уставниот суд, тој рече дека се работи за иницијатива со која се оспорува уставноста на 2 или 3 члена од законот и дека не станува збор за негово целосно укинување. Не очекува дестабилизација и покрај одлуката на Уставен.
Мицкоски рече дека во периодот откако станал премиер имал средби со Али Ахмети, чија партија најави протести наесен поради невклучување во извршната власт.
Мицкоски, во интервјуто, рече дека демократијата не е шведска маса за да избираме што сакаме, а што не, туку треба да се согласиме со воспоставените правила.
Суад Бајрами