ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски отпатува за Будимпешта, се сретна со премиерот Орбан

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со потпретседателот на партијата, Александар Николоски, отпатува за Будимпешта каде денеска се сретнал со премиерот на Унгарија и претседател на нивната сестринска партија ФИДЕС, Виктор Орбан.

Advertisements

Според соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, тие на средбата разговарале за ЕУ интеграцијата на Македонија и Мицкоски го истакнал ставот дека таа се неопходни за македонскиот народ, но треба да биде достоинствена и со зачувување на идентитетските обележја.

„Забележано беше дека Македонија и ЕУ ги очекува најтешката зима во историјата, со големи потешкотии на енергетски план, во снабдувањето со енергенси. Претседателот Мицкоски нотираше дека владата во Македонија не ги прави потребните чекори во справување со енергетската криза, не се обезбедуваат навремено јаглен, мазут, гас и нафтени деривати, туку кога ќе дојде пикот на кризата се даваат големи суми на пари неколкукратно над тоа што можело да се потроши ако на време се обезбеделе истите тие ресурси“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button