ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Патот на земјава кон ЕУ ќе биде широко отворен

Мицкоски: Патот на земјава кон ЕУ ќе биде широко отворен

Премиерот Христијан Мицкоски ги повика граѓаните да бидат оптимисти, бидејќи во наредниот период вратите на Европската Унија ќе бидат широко отворени за Македонија. Сепак, премиерот нема конкретен одговор за рокот за исполнување на главниот услов за деблокирање на евроинтегративниот процес, односно неопходното усвојување на уставните амандмани кои предвидуваат вклучување на Бугарите во Уставот.

Advertisements

На прашањето за уставните измени, денеска се обрати и претседателот на Собранието Африм Гаши. Во интервју за МИА, Гаши вели дека собраниските служби се подготвени уставните измени да ги стават на дневен ред секогаш кога има политичка волја и тоа е работа на партиските лидери и на две третини од пратениците. Гаши не е сигурен, дали може да има почеток на овој процес до декември.

„Ако нешто не зависи од нас, не можеме да кажеме дали ќе биде или не. Кога ќе има, се надевам дека ќе бидам известен и веднаш ќе ја започнеме постапката“, рече Африм Гаши, претседател на Собранието.

Во рамките на Самитот на Европската политичка заедница што се одржа во Будимпешта, премиерот Мицкоски оствари средба со францускиот претседател Емануел Макрон .На средбата, како што информираше Мицкоски, отворено се разговарало за деблокирање на патот на Македонија кон ЕУ.
Владата на Северна Македонија инсистира да добие гаранции од Бугарија и Европската комисија дека овие промени ќе бидат последни во однос на билатералните прашања со земјите од ЕУ, а пристапниот процес ќе продолжи само врз основа на критериуми и заслуги./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button