ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски побара седница за Бугарите, па се разболе од корона

ВМРО-ДПМНЕ со нова понуда за власта – да тестира дали има поддршка од 80 пратеници за уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот. Лидерот на партијата Христијан Мицкоски е убеден во ставот на неговите пратеници.

Advertisements

Во меѓувреме, Мицкоски денеска повторно се разболе со корона вирусот. Излезе позитивен на брзиот тест, па ги откажа сите политички ангажмани во пресрет на локалните избори во Маврово-Ростуше следниов викенд. За СДСМ, барањата на ВМРО за уставни промени или избори, се конфузни.

„Оваа понуда на Мицкоски е еднаква на уцена. Но, по сите лаги што ги кажа во овој период и за кои јавноста дозна, тој нема легитимитет за такво барање. Парламентарни избори ќе има во редовниот рок, во 2024 година“, рекоа од СДСМ.

ВМРО најави дека ќе иницира референдум за преговарачката рамка со ЕУ, поточно за прашањата поврзани со дијалогот со Бугарија. Консултациите во партијата продолжуваат, додека деталите за најавената иницијатива ќе бидат познати веднаш штом Собранието се врати на работа. Опозицијата не исклучува продолжување на протестите по годишните одмори како начин да се убеди власта да прифати нови избори.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button