ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Под овие услови нема да се согласиме Бугарите да влезат во Уставот

Под овие услови ниту сега, ниту во иднина нема да се согласиме Бугарите да влезат во Уставот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Advertisements

Во утринската емисија на радио „Лидер“, Мицкоски посочи дека додека е претседател на ВМРО-ДПМНЕ и доколку не дојде до промена на условите, без разлика дали ВМРО-ДПМНЕ ја води Владата или не ја води Владата нема да се случат промени, како што вели, од принципиелни причини.

Според Мицкоски, досега Бугарија нема покажано добра волја кон нашата држава.

-Што е тоа што ќе покаже Бугарија како знак на добра волја дека навистина во иднина нема да има било каква било каква опструкција кон Македонија. Што е тоа што Бугарија го покажа и го манифестираше? Јас од таму не гледам сигнали освен тоа што молчат, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button