Мицкоски подготвен да го слушне планот на Филипче

Премиерот Мицкоски не ја искучува можноста за средба со лидерот на опозицијата Венко Филипче, доколку тој има некаков план што треба да му го претстави.. Не одговори прецизно дали би прифатил лидерска средба во поширок формат. Мицкоски вели дека Филипче може планот да го презентира и јавно.
„Тоа е пресериозна тема за да вака преку медиуми се поразговара, од тоа што можев да разберам во јавноста е дека Филипче има предлог, некаков план, тој може да го соопшти тој план преку прес конференција, но доколку цени дека мене треба претходно да ме информира и запознае јас сум секогаш тука на располагање, сериозните теми бараат сериозен пристап, така што еве оставам на нив доколку тие ценат дека имаат таков план, кои што сакаат мене да ме запознаат јас сум подготвен во термин во кои што тие мислат или тој мисли дека треба да бидам запознaен, да го примам и да поразговараме на оваа тема“, рече Микоски.
Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, најави дека следната недела ќе прати покана за лидерска средба на која ќе го открие својот план за реформи, почнувајќи од судството, здравството, образованието и интеграциите. Меѓу другото, Филипче и СДСМ бараат да разговараат и за начинот на кој се води истрагата за трагедијата во Кочани.
Од ВРЕДИ се против предлогот на лидерот на Филипче за лидерска средба. Според Таравари, наместо да губат време на состаноци, треба да се фокусираат на решавање на проблемите.
Ангел Димовски