Мицкоски понеделнички ќе бара одложување на пописот и формирање експертска Влада

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата во понеделник со премиерот Зоран Заев ќе оди со јасни барања за одложување на пописот и за формирање експертска Влада за организирање на локалните избори. Мицкоски е подготвен за влада на национално единство, во која не се гледа себеси, но вели дека ќе ѝ помогне за да се надмине економската, здравствената и политичката криза во која се наоѓа државата.
На состанокот ќе се разговара и за Изборниот законик и обезбедувањето уреди за регистрација на гласачите преку отисоци на прстите. Мицкоски се чини се повлече од идејата за предвремени парламентарни избори заедно со локалните, па според него, сега се во игра три сценарија.
Одложување на пописот на населението од здравствени причини на граѓаните побара денеска и претседателот на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов, кој пред извесно време се отцепи од пратеничката група на СДСМ, но кој и понатаму го поддржува парламентарното мнозинство. Пред неколку дена, албанската опозиција се посомнева дека моноетничката средба на Заев и Мицкоски, како што ја нарекоа, има за цел одложување на пописот и градење на заедничка стратегија против предлог-законот за државјанство.
Адријан Керими