ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постигнат специјален економски договор со Унгарија

Постигнат е договор за специјална финансиска соработка со Унгарија-објави претседателот на Владата Христијан Мицкоски по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан во Вашингтон. Договорот подразбира позајмица од унгарската влада во износ од  половина милијарда евра – пари кои ќе бидат вложени за финансиска поддршка на компаниите и за капитални инвестиции во општините. Реализацијата на договорот ќе започне веднаш. Мицкоски вели дека оваа специјална економска соработка ќе значи сигурност и финансиска стабилност за нашата економија.

Advertisements

„Двете влади се договорија во иднина да воспостават специјална економска соработка и финанисика стабилност за нашата економија. Во име на таа соработка се договоривме дека веднаш сега одговорните лица-министерствата за финансии на двете влади да отпочнат процес во којшто унгарската влада ќе и позајми на македонската влада сума од 500 милиони евра и тоа под следниве услови а тоа се камата од 3,25 проценти, три години грејс период, и 12 години рок на отплата, што е вкупно 15 години“, рече Мицкоски.

Половина од овие пари односно 250 милиони ќе бидат директна поддршка за економијата под истите услови – 3,25% камата и вкупно 15 години отплата-услови кои како што вели Мицкоски фирмите досега не можеа да ги добијат на економскиот и финансискиот пазар. Другите 250 милиони евра ќе бидат наменети за капитални проекти во општините.

Мицкоски исто така најави дека специјалната економска соработка значи дека и во иднина „кога ќе имаме потреба ќе можеме повторно да се обратиме до нашиот специјален економски партнер, а тоа е Унгарската Влада“ и да се побара допонителна финансиска помош за економијата.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button