Мицкоски повторно бара избори и тоа – „час поскоро“

Владата сигурно ќе замине и тоа треба да се случи на избори час поскоро, порача денеска лидерот на опоцисиката ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-Апелирам да се соземат и да разберат дека се поразени и да има избори и да дојде народна влада, вистинска прогресивна влада. Сега имаме состојба 60 пратеници на опозиција, 59 на власта и еден кој не знам каде е, изјави Мицкоски.
Според него, во услови на криза треба лидерска средба, но, вели, за што би се разговарало сега на таква средба.
Како што посочи, ВМРО-ДПМНЕ нема да прави опструкција на Буџетот, но очекува од мнозинството да ги поддржи нивните амандмани.
-Тие го деградираа и Собранието и институцијата пратеник. Напротив ние ќе работиме само за граѓаните. Ќе го реализираме ветеното, а нашата крајна цел е промена на оваа криминална влада предводена од СДСМ и ДУИ и формирање на влада која ќе работи за граѓаните, влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицкоски.