Мицкоски: Предноста на ВМРО-ДПМНЕ пред СДСМ ќе биде 2,5 : 1

Бројките на мерењата на јавното мислење, т.е. анкети јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на следните парламентарни избори. Бројките на анкетите се такви какви што се, јавноста ги знае, ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори коишто ќе се случат за нешто помалку од или би рекол нешто повеќе од 2 месеци, некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг претседателски избори, вели претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
-ВМРО-ДПМНЕ е голем фаворит за следните парламентарни избори кој ќе се случат за нешто повеќе од 2 месеци. Некаде околу 44-45 дена имаме до почеток на кампањата за првиот круг на претседателски избори, вели Мицкоски во гостување на утринската емисија „Здраво Македонијо“ на Канал 5 телевизија, истакнувајќи дека е огромна разликата и оти таа е повеќе од 2:1 и таа ќе биде уште поголема односно 2,5 спрема 1.