ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Проблемот со уставните измени не може да се реши без политичка влада во Софија

Мицкоски: Проблемот со уставните измени не може да се реши без политичка влада во Софија

Нема гаранција дека проблемот со уставните измени ќе се реши во првите шест месеци од новата влада, што беше едно од ветувањата на коалицијата ВЛЕН. Според премиерот Христијан Мицкоски, потребна е политичка влада во Софија, за да можат партиите да седнат и да разговараат. Мицкоски се надева за брзо решение, но вели ова е двонасочна улица.

Advertisements

Во меѓувреме, првиот човек на Собранието Африм Гаши вели дека Собранието ќе има активна улога во прашањето за уставните измени, но процедурата не може да почне додека не се постигне договор.

„Како Собрание се трудиме да преземеме поактивна улога. Собранието е местото каде што ќе треба да се случат уставните измени, но решението на проблемот се состои во тоа што повеќе партии ќе треба да се вклучат во ова прашање. Тоа има врска со соседната земја Бугарија, со Европската Унија и додека нема конкретно решение не можеме да ја започнеме процедурата. Политички работиме да имаме прифатливо решение и евентуално да го започнеме процесот“, рече Африм Гаши, претседател на Собранието.

Изборите во Бугарија ќе се одржат на крајот на октомври. Соседната земја долго време е со преодна влада, со неколку сменети состави./Алсат.мк

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button