ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Промената во врвот на СДСМ и во Владата е обид да се сокријат сите незаконски дејствија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека промената во врвот на СДСМ и во Владата е обид да се сокријат сите незаконски дејствија на премиерот Зоран Заев, а не очекува никаков значаен исчекор ниту од Димитар Ковачевски, доколку тој биде избран за нов лидер на СДСМ и иден мандатар.

Advertisements

– Како гарнитура на власт која четири и пол години владее со Македонија, таа прави уште еден неуспешен маневар, кој има за цел да направи едно фино приземјување надвор од политиката и брза евакуација и дислокација на сето тоа што е ограбено досега. Секако дека е и обид да се сокријат сите незаконски дејанија што Заев ги правеше во изминатиов период. Не мислам дека од ова ќе излезе значаен и квалитативен исчекор, бидејќи овој човек (Ковачевски) досега беше заменик-министер за финансии и ние во тој период немаме некаква брилијантна реформа во сферата на монетарната политика, напротив доколку го погледнете дефицитот ќе се уверите дека изнесува повеќе од 500 милиони евра, реализацијата на капиталните инвестиции е катастрофална, на висина од 250 милиони евра, што значи дека имаме двојно повеќе дефицит од капитални инвестиции, вели Мицкоски во интервју за „Плусинфо“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button