ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски се извини за изјавата на Лимани, вели дека децата им се приоритет

Премиерот Христијан Мицкоски им се извини на жителите на општина Арачинови и Липково за загриженоста што ја создаде прексиноќа министерот за социјална политика Фатмир Лимани. Во изјавата Лимани рече дека градинката во селото Матејче во општина Липково, а особено онаа во Арачиново, нема да почнат со работа додека градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибрахими не се извини бидејќи го нарекол нелегитимен министер. Мицкоски, пак, денеска рече дека согласностите за работните места се дадени и прашањето ќе се реши за неколку дена.

Advertisements

„Утрото разговарав со Фатмир Лимани и во текот на денот шефот на неговиот кабинет ќе воспостави комуникација со администрацијата на општината во Арачиново и Липково и на овој начин она што беше тема во јавноста вчера и во последните неколку дена ќе се надминат, откако ќе се добијат согласности. Јас, на жителите на двете општини, им се извинувам за непријатностите, децата се наш прв приоритет и политиката на оваа влада е токму во оваа насока. Постојат неодговорни градоначалници со неодговорни изјави, но тоа не треба да биде пречка и ви гарантирам дека оваа состојба денеска ќе се надмине“, изјави  Мицкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button