Мицкоски: Се надевам на политичка влада во Софија и заедничко решение за надминување на блокадата за ЕУ

Премиерот Христијан Мицкоски се надева дека по одржувањето на престојните парламентарни избори во Бугарија, закажани за крајот на октомври, официјална Софија ќе успее да направи политичка влада со која преку дијалог ќе се дојде до одблокирање на пристапниот процес на земјава кон Европската Унија.
„Се надевам дека ќе има политичка влада и се надевам дека со таа политичка влада ќе можеме да седнеме на маса и да најдеме заедничко решение со кое, конечно, децениската блокада што ја имаме како држава ќе биде тргната и ќе можеме да продолжиме кон евроинтегративниот процес, бидејќи граѓаните кај нас се соочија со таков тип барања и понижувања како ниту едни граѓани што се дел од сите земји што порано беа дел од источниот блок, кога пристапуваа кон членството во ЕУ“, рече Мицкоски.