ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
Мицкоски: Понекогаш патиштата на луѓето може и да се раздвојат

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по разрешувањето на директорот на Водовод и Канализација, од Страна на градоначалничката Данела Арсовска, како и оставката на Секретарот на Град Скопје, рече дека секој проект којшто е во насока на развој на градот и натаму ќе ја има поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.
„Секој проект за градот Скопје, којшто е во вистинска насока, без разлика дали ќе дојде од мнозинството во Советот или од Арсовска, ќе ја има нашата поддршка. Секој проект којшто ќе оцениме дека не е во насока на добри политики за развој на Скопје, ние нема да го поддржиме“, рече Мицкоски.
Во однос на соработкат и поддршката на градоначалничката Арсовска, Мицкоски додаде дека понекогаш патиштата на луѓето може и да се раздвојат.