ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мицкоски со најава на ново парламентарно мнозинство или предвремени избори

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски најави ново парламентарно мнозинство, но и предвремени парламентарни избори заедно со локалните избори во октомври оваа година.

Advertisements

Од Алијанса за Албанците и Алтернатива исто така бараат предвремени парламентарни избори.

„Секоја иницијатива што би обезбедила политичка стабилност, со стабилно парламентарно мнозинство, би била во служба на политичко функционирање за доброто на граѓаните, во рамките на оваа цел ја поддржуваме идејата за проширена влада што ќе ја подготви земјата за локални и парламентарни избори“, рекоа од Алијанса за Албанците и Алтернатива.

ОД СДСМ го велат спротивното. Според нив, овие најави на Мицкоски се резултат на неговиот страв дека парламентарното мнозинство наскоро ќе се прошири.

„Она од што не треба да се изненадиме е приклучувањето на пратениците од опозицијата кон парламентарното мнозинство токму поради позитивните политики што се во интерес на граѓаните и државата. Граѓаните и пратениците се уморни од безброј пречки, блокади и деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од СДСМ.

Од ДУИ не коментираат за нивниот став во однос на најавите на Мицкоски и како би се позиционирале во таква ситуација.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button